Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање - Божик, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Епарх Струмичко-скопски и до сите верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар.
-Со особено задоволство, на сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, срдечно Ви го честитам денот на Христовото раѓање - Божик. Нека овие светли празнични денови Ви донесат добро здравје, духовен мир и радост, исполнувајќи ги Вашите домови со спокој, љубов и топлина. Божиќ, како еден од највозвишените христијански празници, нè потсетува на вечните вредности: солидарноста, човечноста и надежта, коишто ги зближуваат луѓето и ја зајакнуваат вербата во подобра иднина, пишува Сиљановска-Давкова.
Во овие зимски денови, додава македонската претседателка, божиќните празници нека бидат поттик за чинење добри дела и взаемно почитување.
-Да даруваме насмевки, да негуваме човечка блискост и да бидеме носители на ведрина и позитивна мисла во секојдневието, споделувајќи радост со сите околу нас, пишува претседателката во честитката.
МИА
Ново на Сител
-

Македонските ракометари попладнево летаат за Силкеборг
-

До 13 часот излезеноста 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
-

Тошковски оддаде почит на полициските херои по повод 26 години од нивната смрт
-

Пронајдено починато бебе во дом во Шуто Оризари
-

Израелската полиција го приведе шефот на кабинетот на Нетанјаху
-

Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Во 24 часа шест лица приведени за безобѕирно возење, едно лице предизвикало и сообраќајна несреќа
-

ЦУК: Поплавени површини, оштетени патишта и евакуации поради обилните врнежи
