Честитка од премиерот Груевски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Премиерот Никола Груевски денеска упати честитка до бошњачката заедница во Македонија по повод Меѓународниот ден на Бошњаците.
Посакувајќи им добро празнично расположение, среќа и бериќет, премиерот Груевски во честитката истакнува дека празнувањето на денот на вториот бошњачки собор претставува симбол на обединетоста и сплотеноста на бошњачкиот народ.
- Себеидентификацијата претставува основно, загарантирано и неотповикливо човеково право кое е столбот на кој се темели нашата заедничка држава. Принципите на разбирање и толеранција се вредности кои сите ги споделуваме и благодарение на нив успешно ја градиме иднината која ја посакуваме за себе и своите деца, вели Груевски во честиката.
Тој додава дека како Влада ќе продолжат активно да работат на подобрување на севкупните услови за живеење на сите граѓани, вклучително и Бошњаците.
- Нашите приоритети продолжуваат да бидат благосостојбата и среќата на сите оние кои Република Македонија ја нарекуваат свој дом, цел кон која и вашата заедница секојдневно го дава својот придонес, нагласува премиерот Груевски.
Ново на Сител
-

Од ДУИ одбија да ги коментираат реакците на Филипче и Муцунски
-

Ќе се трошат државните резерви на мазут, за да нема рестрикции на струја
-

Прв состанок на претседателството на ДУИ
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Поскапува струјата - сметките ќе пораснат од 57 до 900 денари
-

Годишно обраќање на претседателката: Кочани тест за судството, без гаранции нема уставни измени за ЕУ
-

Поднесените измени на КЗ ќе ја паузираат расправата во Уставен - Костадиновски не очекува дискусија утре
-

Филипче уверува дека на следни избори ќе ја освојат власта, ВМРО-ДПМНЕ со критики за раководството на СДСМ
