Честитка од премиерот Димитриев по повод рамазанските пости
Премиерот Емил Димитриев, по повод започнувањето на рамазанските пости, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија во Република Македонија, Реис-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до верниците од исламска вероисповед.
- Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од моето лично име и од име на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам започнувањето на Рамазанските пости. Светиот месец Рамазан и почетокот на Рамазанските пости од секогаш биле познати како денови на дарежливост, воздржување и добра мисла помеѓу граѓаните од исламската вероисповед. Вредностите кои ги красат овие пости нека бидат водилка во деновите кои претстојат, нека донесат многу радост и среќа во Вашите семејства, се наведува во честитката од премиерот Димитриев.
Вербата да помогне, се додава, да продолжиме со градење на општество кое се карактеризира со меѓусебно почитување, соработка и взаемна толеранција.
- Да работиме и понатаму за реализација на активностите кои обезбедуваат интерес за сите граѓани на нашата земја, решавање на секојдневните проблеми со кои се соочува населението, подобрување на стандардот и развој на Република Македонија. Испраќајќи Ви најискрени честитки, Ви пожелувам лесни пости, духовен мир и радосни празнични денови, истакнува премиерот Димитриев во честитката.
Ново на Сител
-
Хутер победи на женскиот супервелеслалом во Сент Мориц
-
Возило удрило две жени во Штип
-
Минута молк на натпреварите во Германија
-
Вучиќ: Младите од 20 до 35 години, дури и невработените, ќе можат да земат станбен кредит
-
Инспектор нападнал началник во просториите на полицијата во Радовиш
-
Германија: Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати, над 200 повредени
-
Автомобил излета кај Мавровка, повредени две лица
-
Нови врнежи претежно од снег од понеделник и средина на работната недела