Нетанјаху предложи директни избори за премиер на Израел
Израелскиот премиер и лидер на владејачката партија „Ликуд“, Бенјамин Нетанјаху предложи претседателот на влада да биде избран преку директно гласање, со цел да се избегнат трети парламентарни избори оваа година.
– Доколку „Сино и бело“ не сака влада на национално единство, тогаш има само еден начин да се спречат изборите во Кнесетот, а тоа е да биде избран еден од двајцата нас. Луѓето нека одлучат на кого ќе му ја дадат довербата да биде премиер – на Бени Ганц или на мене. Во „Сино и бело“ тврдат дека знаат што сака народот, затоа тој нека одлучи и никој освен него. И секако, не медиумите, истакна Нетанјаху во видео соопштение објавено на социјалните мрежи.
Лидерот на опозициската партија „Сино и бело“, Бени Ганц го нарече предлогот на Нетанјаху „изборен трик“.
– Ова е празен предлог, насочен исклучиво да го сврти вниманието од премиерот, кој има три сериозни обвиненија и кој останува единствената личност одговорна што сме на прагот на трети парламентарни избори, нагласи Ганц.
На 11 декември вечерта истекува тринеделниот период за формирање владин кабинет. Сите досегашни обиди да се постигне согласност за формирање влада на национално единство завршија неуспешно.
Ново на Сител
-
На Попова Шапка најстудено и со најмногу снег, најтопло во Гевгелија
-
Денеска е Зачнување на св. Ана
-
Двајца пилоти на американската морнарица соборени во „пријателски оган“ над Црвеното Море
-
Во Сенатот на САД поднесен предлог-закон за санкции против Турција поради Сирија
-
Кина го нарече Тајван „црвена линија“ и ја осуди новата американска воена помош за островот
-
Сончево со мала до умерена локална облачност, од понеделник врнежи од снег
-
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози и на места со остатоци од кашест снег
-
Осомничениот за нападот во Магдебург дејствувал сам, соопшти полицијата