Честитка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на независноста
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на државноста 8 Септември.
- На овој ден пред 25 години, 8-ми Септември 1991 година, граѓаните на Република Македонија покажаа одлучност и храброст и ја остварија големата и повеќевековна идеја и аманет на нашите предци, а тоа е сите ние да живееме во своја слободна, суверена и независна држава. Во сите овие години на независност, Република Македонија се соочуваше со бројни предизвици и премрежја, со негативни и позитивни процеси, но и со препреки и проблеми од кои сите ние извлековме поука и излеговме посилни. Покажавме дека со заедничка волја, обединети и сложни сме посилни и може да постигнеме многу, но покажавме и дека заедничката иднина и просперитет е многу поважен од поделбите и несогласувањата, се вели во честитката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа, се додава во неа, нека овој голем ден за Република Македонија и сите граѓани ни даде сила и верба да продолжиме заедно да се бориме со сите предизвици.
- Само на тој начин ќе ја зачуваме, одржуваме и продолжиме големата идеја за силна, слободна, суверена и независна Македонија. Нека ни е честит и вековит 8-ми Септември! Нека ни е вечна нашата татковина Република Македонија!, се истакнува во честитката од оваа пратеничка група.
Ново на Сител
-
Нема да има средба Силјановска - Радев во Хаг, но дали претседателката ќе се сретне со бугарскиот премиер
-
Пропадна обидот за воведување една изборна единица
-
Јанев: Коруптивните дејствија во полицијата и институциите ќе се пријавуваат онлајн
-
Невладиниот сектор нотира: Пратениците носат закони по скратена постапка за да се задоволат апетитите на политичките гарнитури
-
Finance Тhink: Целосно реализирани 18 (13%) од владините ветувања за една година
-
Игуменот Георгиј нов митрополит на МПЦ
-
Мицкоски: Зад потезите на Бугарија стојат стратегии кои се стари со децении
-
Невладиниот сектор нотира: Најголемиот дел од законите се носат по скратена постапка