Честитка од министерот Спасовски по повод празникот Рождество на Пресвета Боогородица
Почитувани граѓани од православна вероисповед,
Дозволете ми оттука, од манастирот „Света Богородица” во село Матејче, да ви го честитам големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, со желби за добро здравје и просперитет.
Денеска се радуваме на светата рожба од Назарет - плод на молитва, љубов и добри дела на благочестивите Јоаким и Ана. Божјата Мајка го подготви спасението на светот, како чисто, совршено битие и како средиште на
мајчинската љубов, со сето Божествено во себе за да се покаже љубовта Божја кон човекот.
Нека Божјата Мајка нѐ води по милостивиот пат, патот на трпението, вербата и љубовта.
Нека ги облагороди срцата на секој и нека помогне заедно да ги отфрлиме слабостите во нас за да продолжиме да чекориме непоколебливо и со силна верба кон иднината.
За многу години Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица!, стои во честитката упатена од министерот за надворешни работи Оливер Спасовски упатена по повод празникот Рождество на Пресвета Боогородица.
Ново на Сител
-
Биткоинот достигна вредност од над 90,000 долари
-
Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин
-
Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви
-
Во Кина студент со нож уби најмалку осум лица, рани 17
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица