Честитка од министерот Спасовски по повод Меѓународниот ден на Ромите
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски лично и во име на МВР на граѓаните од ромската етничка заедница им го честита 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите, прогласен на Светскиот ромски конгрес од 1990 година, а во чест на Првиот светски ромски конгрес од 1971 година, кога се потврдиле универзалните обележја на ромскиот народ и ромското движење, воопшто, преку утврдување на знамето, химната, јазикот и културата.
– Ромите во Република Северна Македонија како едни од најлојалните и најмирољубивите граѓани, отсекогаш биле и ќе бидат неизоставен дел од нашата државност, составен дел од мултиетничкиот мозаик во кој се вградени заедно со сите други етнички заедници, а кој е темел на нашиот концепт „Едно општество за сите”, со кој го гарантираме спроведувањето на неотуѓивите човекови права, напишна министерот Спасовски на неговиот фејсбук профил.
Придонесот на ромската заедница кон општеството, преку институционален или, пак, граѓански пристап, пишува Спасовски, ја заслужува почитта од секој еден.
– Вредни, лојални и пожртвувани, Ромите даваат огромен придонес како дел од полицијата, армијата, дипломатијата, здравствените и образовните институции, граѓанскиот сектор. Продолжуваме заедно како и досега, свесни за предизвиците и потребите на Ромите во нашата држава, да ја унапредуваме интеграцијата, обезбедувајќи подобар и поквалитетен живот за сите, без разлика на етничката, верската, политичката или родовата припадност. Ја имате мојата поддршка во секој еден момент, бидејќи силна држава значи подадена рака на секого!, објави на ФБ министерот Спасовски.
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи