Честитка од Мицкоски за Водици: Да останеме верни на вредностите, да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничко добро

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици, во која порачува да останеме верни на вредностите што нè држат исправени и обединети и да продолжиме да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро.
- Богојавление е празник на откровението, на прочистувањето и на обновата, ден кога водата, како извор на живот, нè потсетува на потребата од духовна и морална чистота. Водици носи и силна порака за верата, за храброста и за подготвеноста да се оди по исправниот пат, дури и кога тој е тежок. Осветувањето на водите и фрлањето на Крстот е традиција, но и жива порака за доверба, за пожртвуваност и за надеж!, сто во објавата на Фејсбук.
Овој голем ден, како што наведува, нè потсетува колку е важно меѓусебното заедништво и добрите односи со сите луѓе.
- Во овие моменти, луѓето се собираат, се поддржуваат и ја споделуваат радоста, покажувајќи дека заедницата е најсилна кога е обединета околу вредности што нè надминуваат сите нас поединечно. Посебно место имаат младите. Нивната смелост и вера се потсетник дека иднината се гради со карактер, со воспитување и со почит кон традицијата. Наша заедничка обврска е да создадеме средина во која ќе растат со силно чувство на припадност и одговорност кон општеството. Нека Богојавление - Водици ни донесе духовна сила, трпение и мудрост! Да останеме верни на вредностите што нè држат исправени и обединети и да продолжиме да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро! За многу години!, наведува премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Србите го слават Свети Сава
-

Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
-

Собранието утре гласа за нови членови на КЗСД - граѓанскиот сектор обвинува за партизација на институцијата
-

Мицкоски до Ахмети за тет-а-тет средба - ќе се видиме, некогаш!
-

СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
