Честитка од Мицкоски: Раѓањето Христово нека служи како потсетник на традиционалните вредности кон кои се стремиме
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод најголемиот христијански празник Раѓањето Христово – Божик упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан, членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво како и до сите православни верници.
-Овој голем ден нека ви донесе здравје, радост, светлина, љубов, среќа и топлина во вашите домови која ќе ве следи во текот на целата година. Раѓањето Христово нека служи како потсетник на традиционалните вредности кон кои се стремиме, хуманоста, разбирањето и меѓусебното почитување. Исус ги освои срцата на луѓето со својата благост и љубов, ја победи смртта и ни ја врати надежта, неговите дела нека бидат пример за сите, се посочува во честитката.
Воедно се додава дека Божик го симболизира раѓањето на надежта, надеж за подобра иднина, подобро утро за идните поколенија. Иднина која, се посочува, ќе ја креираме заедно и заедно ќе ја живееме.
-Влегуваме во година на предизвици и одлуки. Тешкото секојдневие на луѓето, црнилата и растечката сиромаштија преовладуваат во секојдневието на граѓаните, и тоа се заедничките тешкотии што мора да бидат надминати. Да си спомнеме за сите оние граѓани кои овие празници ги дочекуваат со напластени проблеми, со неизвесност која преовладува и живот кој станува потежок. Несигурноста да биде замената со стабилност, да градиме иднина, да се избориме за подобар живот. Светлоста на еден од најголемите христијански празници нека биде водилка за секој еден на патот на личниот успех и среќа, бидејќи успехот на поединецот е успех за сите. Нека е честит и вековит празникот Рожденство Христово, Божик. Христос се роди, Навистина се роди!, стои во честитката од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев