-->
-->
Честитка од Мицкоски: Бошњаците се нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество
-->

Премиерот Христијан Мицкоски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитки до сите припадници на бошњачката заедница.
- Нашата различност е нашата сила, а заедничкиот живот, меѓусебното почитување и разбирањето се темелите врз кои ја градиме нашата држава - пишува во денешната објава на Фејсбук-страницата на премиерот.
Се додава дека Бошњаците се нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество, со својот богат културен идентитет, традиција и придонес во развојот на државата.
- Ви посакувам здравје, успех и благосостојба, со уверување дека заеднички продолжуваме да градиме општество на еднакви можности, почит и доверба - порача премиерот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кениецот Нјорге победник, Ивановски трет на Виз Ер Скопски маратон 2026
-

ЈОРСМ: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец
-

Модриќ по поразот од Англија: За прв пат по 20 години со репрезентацијата се чувствувам засрамен
-

Во Берово утрово измерени - 4 степени
-

На изборите во Летонија победи коалицијата предводена од премиерот Кулбергс, според над 96 отсто обработени гласови
-

Во БИХ се одржуваат општи избори
-

Земјотрес од 5,9 степени ја погоди Индонезија
-

Трамп: Не можете едноставно да ги исклучите дата центрите, блокирањето технолошки проекти ќе ѝ даде предност на Кина
