Честитка од Македонска алијанса по повод Денот на независноста
Претседателот на Македонската алијанса Ѓорѓија Џорџ Атанасовски им го честита Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми Септември, на Македонците ширум светот.
- Со посебна гордост го празнувам овој празник, ден кога се исполнија идеалите за кои се бореа многу Македонци во текот на годините, ден кога се исполни аманетот на нашите предци. Овој ден нека биде потсетник, за сите нас, за тешките денови кои ги има поминато Македонскиот народ, како и поттик за сите наредни предизвици. Пред 24 години, Македонците го прифатија предизвикот, уверени во идејата дека Македонија ќе биде независна, демократска и слободна држава, која ќе создаде иднина и просперитет за нивните поколенија, стои во честитката на Атанасовски.
Во минатото и денес се соочуваме со предизвици од кои излеговме и ќе излеземе посилни.
- Денес сме свои на своето. Заветот на нашите предци е да трасираме сигурен пат за нашите потомци, па затоа посакувам идеата за слободна, обединета и силна Македонија секогаш да бидат на ум на сите политички и јавни чинители во државата. Нашето вложување и работа денес нека биде посветено на иднината на нашите деца, за нашите поколенија. Сето тоа можеме да го оствариме само со единство, на кое најгласно не потсетува и денешниот голем ден, наведува претседателот на Македонска алијанса.
Ново на Сител
-
Комбе излетало од мост на патот Штип-Радовиш, има починати | ФОТО
-
ДЗС: Се уште има чадење од Дрисла, но во помал обем, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната
-
Нетанјаху: Нема да има палестинска држава
-
Во Собранието седница за Предлог-декларацијата за фер, слободни и демократски избори
-
Полицијата објави видео-снимка од осомничениот за убиството на Кирк
-
Поранешнот претседател на Бразил осуден на 27 години затвор
-
Дел од општините Аеродром и Центар без вода
-
Променливо облачно, до 33 степени