-->
-->
Честитка од лидерот на СДСМ до Бошњачката заедница
-->
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев упати честитка до припадниците на бошњашката заедница по повод Меѓународниот ден на Бошњаците.
- Бошњачката традиција е значаен дел од богатото културно наследство во Република Македонија. Заедништвото и меѓусебното разбирање се наши определби на патот кон градење на држава за сите граѓани. Активниот придонес на Бошњаците во развојот на Република Македонија, преку нивната грижлива посветеност кон менување на состојбите во државата кон подобар живот е придобивка за сите граѓани на Македонија. Заедно да ги негуваме и почитуваме различностите коишто се наши придобивки со кои треба да се гордееме, се вели во честитката.
Заедно да се стремиме, додава Заев, кон создавање на подобар животен стандард за граѓаните и напредок на државата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Finance Тhink: Целосно реализирани 18 (13%) од владините ветувања за една година
-
Игуменот Георгиј нов митрополит на МПЦ
-
Мицкоски: Зад потезите на Бугарија стојат стратегии кои се стари со децении
-
Невладиниот сектор нотира: Најголемиот дел од законите се носат по скратена постапка
-
Сеуште постојат бариери за лицата со телесен инвалидитет
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Какво сценарио следува ако повторно се одложи гласањето на извештајот за напредокот на Македонија?
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука