Честитка од Иванов до новиот германски претседател Штајнмаер
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до Франк Валтер Штајнмаер по повод изборот за претседател на Сојузна Република Германија, посакувајќи му успех во извршувањето на функцијата.
- Вашиот избор на оваа функција е исклучително значаен. Тој се случува во период на бројни сериозни предизвици со кои се соочува Европа, а единството, довербата и неопходноста од повеќе соработка во рамките на Европската унија се пред големи искушенија. Длабоко сум убеден дека Вашето долгогодишно дипломатско искуство и меѓународен углед ќе резултираат со уште позајакнати односи со нашиот регион, на кој му е неопходна поддршка со цел постигнување на одржлива политичка стабилност, безбедност, економски развој, стои во честитката.
Република Македонија, посочува Иванов, ќе го продолжи реформскиот процес со цел достигнување на сите европски стандарди и критериуми, и ќе продолжи да придонесува кон добрососедсвото и регионалната соработка.
Искрено се надевам, вели Иванов во честитката, дека Сојузна Република Германија како докажан пријател на Република Македонија, ќе продолжи да ги поддржува нашите заложби и напори за интегрирање во Европската унија и НАТО.
- Дозволете ми, во оваа пригода и да искажам особено задоволство од достигнатото ниво и континуираниот позитивен тренд во односите и соработката меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија. Исто така сакам да ја изразам целосната подготвеност да ја продолжиме соработката што ја имавме со Вашите ценети претходници. На тој начин ќе дадеме придонес за натамошно унапредување на односите во сите сфери од заемен интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план, истакнува Иванов во честитката до новоизбраниот германски претседател Штајнмаер.
Ново на Сител
-
Иран го повика Гутереш да го спречи активирањето на механизмите за спроведување на санкциите на ОН
-
АХВ: Можно труење со храна во Штип, времено затворена сендвичарница
-
Полска рано утринава го затвори воздушниот простор на југоисточниот дел од земјата
-
Маријан Илич, една од седумте најбогати жени во светот: Ги сакам Македонците, добро го зборувам јазикот, јас сум горда Македонка
-
Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Тетово, Претор и Куманово
-
Трамп утре ќе разговара со високи претставници на Конгресот пред крајниот рок за постигнување договор за финансирање на федералната влада
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 28 Септември - Меѓународниот ден на Бошњаците
-
Седум лица се повредени и повеќе згради се оштетени во руските напади врз Киев и Запорожје