Честитка од Груевски по повод еврејскиот празник Ханука
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во името на партијата и во свое лично име, денеска упати честитка до претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ и до сите припадници на оваа заедница, по повод еврејскиот празник Ханука.
- Во овие празнични денови кога во кругот на семејството и најблиските, со силна верба во чудото на Ханука го славите овој големиот празник, Ви упатувам срдечни честитки за весели и среќни празнични денови и искрени желби за добро здравје, среќа и благосостојба во секое семејство, истакнува Груевски.
Ханука, како што наведува во честитката, е празник на светлината и симбол на опстојбата.
- Ханука е верба и истрајност, празнување на слободата и победата, славење на животот и традицијата. Славејќи ја светлината на Ханука и триумфот на слободата, во ова осумдневно празнување, секое еврејско семејство ја празнува многувековната традиција на одбележување на овој празник, која со силна верба се пренесува со векови на секоја нова еврејска генерација. Токму затоа, Ханука има посебно место во историјата и традицијата на секое еврејско семејство, во кое од денес во наредните осум дена силно ќе свети светлината од ханукијата, како вечна светлина во секој Ваш дом, истакнува Груевски во честитката.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН