Честитка од Груевски по повод 7 Мај - Ден на македонската полиција
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска упати честитка по повод 7 Мај - Денот на македонската полиција.
- Полицијата и безбедносните служби беа и ќе останат еден од најцврстите столбови на државата, кои ја гарантираат нејзината стабилност и безбедност. Професионалците во полицијата сите овие години покажаа дека се на висина на задачата и дека нема ништо посвето од обврската да му служиш и да го штитиш сопствениот народ, се вели во честитката.
Груевски посочува дека ќе се паметат хероите кои ги загубија своите животи бранејќи ја Република Македонија.
- Вечно ќе ги паметиме хероите кои ги загубија своите животи бранејќи ја Република Македонија во Диво Насеље, но и сите оние кои се жртвуваа за време на вооружениот конфликт и во акциите кои беа реализирани во периодов кој е зад нас. Секоја акција во која се сузбиваа вооружени групи, групи кои се занимаваа со нелегална трговија со наркотици или каков било друг криминал, ќе се памети и ќе остане пример како бескомпромисно се штити Уставот и законите на Република Македонија, вели Груевски во честитката.
Учеството во бројни меѓународни операции за сузбивање криминални групи, како што се наведува, се најдобар доказ дека македонската полиција прерасна во релевантен меѓународен партнер на кого може да се смета во секој момент. Справувањето со мигрантската криза, како што посочува, беше еден таков предизвик, со кој покажавме дека постои и волја и знаење и капацитет како да се справиме со најтешките ситуации.
- Владата на ВМРО-ДПМНЕ изминативе десет години многу инвестираше во развојот на полицијата. Почнувајќи од професионализацијата, преку инвестициите во најсовремена опрема и техника, па се до подобрувањето на стандардот на полициските службеници. Како држава минавме низ многу кризи и ризици, но полициските службеници ја оправдаа довербата и секогаш беа на висина на задачата подготвени да застанат во одбрана на највисоките државни и национални интереси, стои во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски.
Ново на Сител
-
Сочувство од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан до Патријархот Српски г.г. Порфириј за настраданите во Нови Сад
-
Почина Оливера Николова - авторката на Зоки Поки
-
Санкционирани 144 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар
-
Почина Квинси Џонс
-
Човечки скелет без глава е пронајден во шума во БиХ
-
По поразот од Пелистер, Захариевски повеќе не е тренер на ФК Вардар
-
ЦУК: Четиринаесет пожари на отворено, 1 989 повици на 112 во последното деноноќие
-
Повредените во Нови Сад сè уште се во тешка состојба