Честитка од Гаши по повод празникот Успение на Пресвета Богородица
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска по повод празникот 28 Август - Успение на Пресвета Богородица упати честитка до сите православните христијани во земјава.
- Дозволете ми да ви го честитам големиот православен христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Нека празникот ви донесе среќа, здравје и многи радости во вашите семејства. Овие празници се убав момент да се потсетиме колку нашите заемни традиции на почитување на верските празници и обичаи се дел од колективното памтење на нашите граѓани. Нека ваквите празници нè потсетуваат дека секогаш сме стоеле и ќе стоиме во иднина едни покрај други и едни заедно со други, се вели во честитката.
Живееме во времиња во кои, како што наведува, мораме постојано да се потсетуваме на традициите кои ни ги пренесуваат нашите родители.
-Мораме да се потсетуваме за да не заборавиме дека скромноста, искреноста, чесноста и топлината помеѓу луѓето, без разлика на нивната припадност, е составен дел на нашата историја. Тоа сите треба да се трудиме да биде составен дел и од нашата иднина. Нека ви е честит празникот Успение на Пресвета Богородица, вели во честитката претседателот на Собранието Гаши.
Ново на Сител
-
Вучиќ ги претстави барањата на Србија во врска со Косово
-
СЗО ја одобри првата вакцина против мајмунски сипаници
-
Дурмиши: В понеделник одговор од работната група за есенската кошничка
-
КИНСИВ ќе отвори истрага за настанот на небото над Скопје
-
20 ГОДИНИ НЕОТЕЛ: Прослава на две децении пионерство во телекомуникациите
-
Се урна воен авион Л-39 во Бугарија
-
Кривични за две лица кои праќале писма на вработен во ОВР Дебар
-
Почина жена која управувајќи тротинет била удрена од автомобил