Потенцијалниот судир на двата авиони над македонското небо е сериозен инцидент
Комитетот за истрага на воздухопловните несреќи и серизони инциденти истажува - што се случувало на 7 септември кога ќе се судреа два авиони на скопксиот аеродром. Летале на иста висичина во исто време- едниот од Мадрид за Истанбул, другиот од турскиот аеродром Даламан за Ландон. 30 секунди пред да се разминат, авионите биле на височина од 36.000 стапки со растојание меѓу нив од 800 стапки, иако согласно правилата во авиосообраќајот , треба да биде 2,000 стапки вертикална далечина. На снимката од веб страната за следење летови Флајтрадар 24 се гледа дека евентуланиот судар би се случил над Миладиновци. На за неколку секунди , едниот авион се кренал, а другиот се спушил, па за влакно се избегнала трагедијата . Од денеска Комитетот почнува истрага – дали станува збор за пилотска грешка или за погрешни инструкции од контролата на летање
В понеделник влегуваме во М-НАВ и ќе ги направиме потребните разговори, ќе ги преслушаме снимките од разговорите на контролорите со пилотите на авионите, а и ќе ги погледнеме и снимките. Ние не утврдуваме вина, туку причина која довела до ваков инцидент. Исто така, ќе побараме изјави од пилотите на двата авиона преку нивните воздухопловни власти, па ќе ја информираме јавноста. Ќе се преслушуваат аудио раговори , ќе се прегледуваат видео камаери, веќе започнавме разговри со вработените од МНАВ кои тоа време беа на смена. , изјави Зоран Илиевски. Престедател на Комитетот за истрага на воздухопловните несреќи.
Истрага води и Агенцијата за цивилно водхухопловство , од каде велат дека снимките и пријавата од МНАВ веќе се доставени до нив, но ќе им бидат потребни неколку денови за да утврдат кај кого и вината.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар