Честитка од друштвото „Илинден“ од Тирана за празникот Илинден
Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и разгранокот на друштвото за Голо Брдо по повод двата историски Илиндена упатија честика до сите Македонци.

- Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и насекаде во светот, од име на македонско друштво „Илинден“ упатуваме искрени честитки по повод најголемиот македонски празник Илинден, со желба за многу лични успеси и бериќетна година на сите Македоници. Да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на нашето Илинденско востание од 1903 и АСНОМ 1944, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.
Македонците во Албанија со повеќе активности ќе го одбележат Илинден.
По традиција, според Халилај, Македонците од село Гиноец и неколкуте соседни села, од Голо Брдо, независно од нивната верска припадност ќе ја посетат црквата „Свети Илија“ во селото, како што тоа го прават со векови. На денот доаѓаат и поранешни жители и нивни потомци кои сега живеат во други градови во Албанија, во Македонија или се на печалба.
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
