Чести навики кај жената што вообичаено го нервираат мажот
Иако секоја љубовна врска е единствена уникатна по своите одлики и својства, има одредени шаблони на однесување што може да предизвикаат фрустрација во односите. Следат неколку вообичаени навики кај жените, коишто не наидуваат на одобрување кај многу мажи… Иако не е правило, овие совети можат да бидат корисни за подобрување на меѓусебната комуникација и разбирање.
Премногу контрола
Иако жените најчесто имаат само најдобри намери, претераните обиди да го контролираат однесувањето на мажот може да предизвика тензија и недоверба во врската, велат познавачите. Тука спаѓа критикувањето на неговите одлуки, однесување, за пријателите, па дури и за облеката. Мажите ја ценат својата слобода и не сакаат да се чувствуваат како да се под постојан надзор. Кога партнерката почнува премногу да го насочува или управува со неговиот живот, тоа води кон чувство на задушување и намалена интимност во врската, пишува „Кликс“.
Премногу драма
Меѓу најчестите поплаки на мажите околу врската, е и „драмата“ поради ситници. Се чини, сите понекогаш минуваат низ тешки времиња и емоционалните испади се природни, но кога жената ќе почне секое мало недоразбирање да го претвора во голема работа, тоа преоѓа во емоционална манипулација, закани, па и уцени за да го добие она што го сака, а тоа е исцрпувачко.
Постојаната напнатост и драма на тој начин ги отежнуваат односите.
Постојано внимание и потврди
На многу мажи им е фрустрирачко кога партнерката постојано бара потврда за нивните чувства или изгледот. „Дали ме сакаш?“, „Зошто не ме забележуваш?“, „Дали ова ми изгледа добро?” и други необично чести прашања можат да создадат притисок врз партнерот. И тоа, едноставно, постојана несигурност што води кон чувство дека мажот постојано е „под лупа“, и кон емоционална исцрпеност.
Игнорирање на приватниот простор и време
На сите луѓе, без разлика на полот, одвреме-навреме им треба време за себе. Во врската, важно е да минувате квалитетно време заедно, но подеднакво е важно и да се почитува личниот простор и потребите за приватност на партнерот. И кога жената не го почитува тој простор и постојано сака да биде околу него или бара постојано негово внимание, тоа може да стане заморно. Мажот ги цени миговите кога може да биде сам, без разлика дали се работи за одмор, време за опуштање, хоби, работа во гаража или, едноставно сака време за себе во тишина.
Секоја врска се заснова на меѓусебно почитување, комуникација и разбирање. Свесноста за тоа гради постабилни и поздрави односи.
Ново на Сител
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај
-
Бизнисот го чека унгарскиот кредит, банките условите
-
Со правосилни пресуди до ефикасна борба со криминалот и корупцијата
-
Шест месеци нова Влада
-
Заврши стручниот надзор на Детска за починатото седуммесечно бебе – Таравари не сака да избрзува со заклучоци
-
Дали електричните возила ќе ги натераат скопјани да ги продадат сопствените автомобили?
-
Кочанчани на протест заради депонирање на отпад од соседните општини