Чешки медиуми: Петмината Чеси киднапирани заради размена
Петмината Чеси, кои во петокот исчезнаа во источен Либан, во западниот дел на долината Бека во близина на границата со Сирија, биле киднапирани за да бидат разменети за еден Либанец уапсен во Чешка, објавија чешките медиуми.
Според медиумите, како што јави дописникот на МИА од Прага, Либанецот Али Фајад, заедно со уште двајца жители на Брегот на Слоновата коска, се притворени во Чешка поради илегална трговија со оружје и соработка со терористи.
Медиумите јавуваат дека либанскиот таксист Таан, кој исчезна со Чесите, е брат на Али Фајад, кој заедно со другите двајца притворени во Чешка, чека екстрадиција во САД.
Либанецот Фајад и неговите пријатели Фаузи Хабер и Халид Мараби се обвинети дека сакале да продадат оружје и кокаин на американски агенти кои лажно се претставиле дека се членови на герилската организација Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК).
На тројцата, кои го отфрлаат обвинението, им се заканува доживотна казна затвор.
Либанската полиција вчера во напуштен автомобил ги нашла патните исправи на Чесите, парични средства и видео камери.
Поврзаноста на либанскиот инцидент со притворените во Прага медиумите го потенцираат и со фактот дека двајца од Чесите биле поврзани со судскиот процес во чешкиот главен град. Едниот наводно бил преведувач, а другиот адвокат во судскиот процес.
Ново на Сител
-
Експерти: ДИК не смее да усвојува правилник за изборите
-
Тема на денот со Борис Кондарко - Претседател на ДИК
-
Опозицијата бара кривична одговорност за началникот, Мицкоски вели ако се огрешил ќе одговара
-
Мицкоски контра Меџити - Убивањето на безбедносните сили од заседа во 2001 не може да е разумно
-
Упатство на ДИК за независните ќе биде без број на потписи и без заверка од нотар
-
Општините потрошиле рекордни 190 милиони евра преку тендери
-
Не исправна е одлуката на министерот за одземање на ингеренциите на Стоматолошката комора тврди претседателот
-
1.118 матуранти неделава повторно на „жешките“ столчиња