-->
-->
Чешката полиција ќе вози луксузно „ферари“ запленето од криминалци
-->
Автомобил Ферари, конфискуван од криминалци во Чешка, чешката полиција ќе го користи за да ги гони најагресивните прекршители на чешките закони, јави ДПА.
Сребрениот „Ферари 458 Италија” кој чини 200.000 евра може да развие брзина од 325 километри на час. Така, тој е погоден, на пример, за бркање на крадци на автомобили кои се обидуваат да преминат од Чешка во некоја од соседните земји, јави ДПА. За преправки на автомобилот одземен од криминалци во полициски автомобил биле потрошени 14.000 евра, јавија локалните медиуми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МНР го повика на консултации амбасадорот во Албанија
-
Ќе се спојуваат разузнавачките агенции, утре на владина седница нови именувања во третиот ешалон
-
Распишан тендер за нова компресорска станица – хируршките сали на Клинички нормално ќе профункционираат во декември
-
Фејсбук измама со криптовалути, злоупотребено името на премиерот
-
Преглед на вести од светот
-
Престрелка во Батинци - Убиен 34 годишен маж
-
Преглед на вестите од светот
-
Има ли можност за нови преговори со Бугарија?