Чешка со најмала стапка на невработеност во ЕУ
Стапката на невработеност во еврозоната и во целата Европска унија (ЕУ) во октомври продолжува да паѓа и со 8,3 проценти го достигна најниското ниво од 2009 година, покажуваат податоците објавени од страна на Европската статистичка служба - Евростат.
Во земјите каде се употребува еврото како платежно средство, невработеноста се намалила на 9,8 проценти, што е најниско од јули 2009. Високата стапка на невработеност останува кај младите до 25 години и тоа во ЕУ изнесува 18,4 проценти, додека во еврозоната, дури 20,7 проценти.
Во целата Унија, во октомври без работа останале 20.448 милиони луѓе, од кои 15.908 милиони од еврозоната. Во однос на септември бројот на невработени во ЕУ се намалил за 190.000 луѓе и за 178.000 во еврозоната.
Од земјите-членки на ЕУ, најниска стапка на невработеност има Чешка, каде што таа достигна 3,8 проценти, јави дописникот на МИА од Прага.
Веднаш по неа е Германија со 4,1 проценти.
Спротивно на тоа, највисока стапка на невработеност има во Грција и во Шпанија.
Во споредба со октомври минатата година, забележан е тренд на намалување на невработеноста во 24 земји, а во Естонија, Австрија и Данска се зголемил процентот.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска