Чешка помош - пумпи и агрегати за струја за поплавените подрачја
Чешка материјална помош наменета за ублажување на последиците од катастрофалните поплави ќе биде предадена денеска во објектот на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје.
Членови на Противпожарната спасувачка бригада на Република Чешка на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Шабан Салиу ќе му предадат 48 пумпи со вкупен капацитет/проток од повеќе од 2 милиони литри вода/кал за еден час и 8 агрегати за електрична енергија во вредност од над 44.000 евра.
На примопредавањето на помошта најавено е присуство и на амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Рамеш.
Oд Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека се очекува да пристигнат и донации од Унгарија, Австрија и Словачка. Со овие донации се зголемува бројот на држави кој донираат помош за поплавените региони во Македонија преку Механизмот за цивилна заштита на Европската унија, чија членка е и Република Македонија преку Дирекцијата за заштита и спасување.
Ново на Сител
-
Определени мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
-
Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут - нов премиер
-
Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери
-
Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка
-
Четворица осомничени за тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје
-
Манифестација „Шарено велигденско јајце“ во штипскиот Центар за култура
-
Пронајдено е исчезнатото момче од неготинско Тремник
-
Приведен 28-годишник, при претрес во неговиот дом најдена е дрога