Чешка почна да ги префрла на лекување во странство тешко заболените од Ковид-19
– Чешка денеска го префрли првиот пациент со тешки симптоми на Ковид-19 на лекување во Полска, откако минатата недела го активираше барањето за солидарност и помош од земјите во ЕУ кои се помалку погодени од пандемијата и можат да и помогнат затоа што нејзиниот здравствен систем е на работ на колапс, со само 14 проценти слободни кревети на интензивна нега.
Една постара жена со тешки симптоми денеска е пренесена во болницата Рачиборж, во јужна Полска, а Германија и Швајцарија, исто така, се понудија да и помогнат на Чешка со прифаќање на нејзините пациенти, бидејќи чешкиот здравствен систем е пред амбис, со рекордни 1.789 пациенти на интензивна нега или на респиратори со Ковид-19 и со вкупно 8.478 пациенти во болниците.
Како резултат на првите десет дена од строгото заклучување, со кое Чесите се затворени во областите во кои живеат, од вчера дневниот раст на новозаразени е намален на 10.466, или за околу 1.700 помалку во споредба со минатиот понеделник, а во цела чешка во м оментов се активни 163.034 заразени случаи.
Од почетокот на пандемијата, во Чешка со коронаворус беа заразени 1,33 милиона лица, од кои 22.147 умреа, а земјата, заедно со Словачка, е една од европските земји со најголем број жртви на пандемијата на милион жители.
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
