Свет
23. March 2020 - 9:04

Чешка и Полска заплениле помош од Кина за Италија

Чешка и Полска запреле пратка од Кина итно потребна медицинска опрема за Италија, држава која е тешко погодена од Ковид-19 на европско тло, објави италијанскиот весник „Република“.

Еден транспорт на заштитни маски и опрема бил запрен и запленет во Полска, а другиот во Чешка. Во првата испорака од Кина имало 680.000 маски и респиратори, запленети од чешките цариници.

Според Република, чешките медиуми објавиле дека опремата била украдена во Чешка и запленета, а потоа јасно биле прикажани фотографии на кои јасно се гледа италијанско и кинеско знаме.
Конфискуваната опрема веќе е дистрибуирана во чешките болници, тврди весникот.

Преку Твитер, министерот за внатрешни работи Јан Хамачек призна дека очигледно се случила грешка и дека „мал дел“ од испораката е хуманитарна пратка за Италија.
Исто така, министерот за надворешни работи Томас Петричек ја призна грешката и рече дека запленувањето не било намерно и дека се бараат начини за испорака на маските во Италија.

Во Полска, цариниците заплениле и опрема наменета за Италија, во која имало 23.000 маски.
Италијанските власти официјално велат дека станува збор за „сериозен и апсурден случај“.