-->
-->
Чешиново - Облешево и романската општина Болдешти - Скаени ја официјализираа соработката
-->
Општина Чешиново - Облешево и романската општина Болдешти - Скаени потпишаа Протокол за соработка.
Потпишувањето се реализира во рамки на работната посета што ја реализира делегација на локалната самоуправа од Чешиново - Облешево како дел од одбележувањето на празникот на Болдешти - Скаени.
- Договоривме соработка на културен и спортски план, како и размена на искуства на економско ниво. Заеднички беше договорено да подготвиме проекти кои ќе бидат финансирани од фондовите на Европската унија што е од интерес на жителите на двете општини, изјави денеска на прес-конференција градоначалникот Костадин Личков.
Како што информира, наредната средба ќе биде во Чешиново Облешево на 21 септември, на Денот на Општината кога се очекува и гостување на Фолклорен ансамбл и на спортска екипа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем пожар во Дрисла
-
Голем пожар во Дрисла
-
Тема на денот со Радмила Шеќеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички