-->
-->
Червар: Одигравме лудо, немам објаснување
-->
Ракометарите на Металург во рамките на 4.коло од групата Ц од ЛШ ја постигнаа втората победа (двете на домашен терен). Совладана беше шпанска Ла Риоха со 24:23. Во многу чудни околности се одигра последната минута, а на прес конференцијата тренерот Лино Червар изјави:
- Одигравме лудо, немам објаснување што се случи.
Во напад беше Ла Риоха, а Арсиќ одбрани, потоа нападот на Металург беше вистинска брканица (играчите немаа контрола уште колку време има) и не реализираа шут, а потоа и погрешија по одбиената топка и во последните 7-8 секунди Ла Риоха имаше контра, а Арсиќ пак одбрани.
Инаку во поголемиот дел од дуелот Металург водеше (најголема разлика имаше од 4 гола), а резултатот беше девет пати изедначен.
За дуелот Червар напомена:
- Среќата не награди, Благодарност до Арсиќ. Неговите одбрани ги решија натпреварот. Големата упорност беше наградена. Имаме уште многу технички грешки, но добро е што победивме и се надевам дека техничките грешки ќе ги намалиме.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Никола Димитров, екс министер за надворешни работи
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Четири лица завршија на токсикологија од пожарот во Трубарево – утре ќе се знае колку и со што е загаден воздухот
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за пожарите и штетниот воздух
-
312 кандидати за градоначалници во 80 општини и Скопје, 18 се за главниот град
-
Сашко Јанчев од Левица удрил во двајца малолетници на мопед и е приведен во полиција
-
Хаос во образовниот процес во Кочани