-->
-->
Червар им заблагодари на помладите, од утре ги очекува интернационалците
-->

Лино Червар селекторот на машка македонската репрезентација, го скрати списокот на играчи кои беа повикани во подготовките за бараж двомечот со Чешка.
Очекувано, Червар им се заблагодари на петмината млади ракометари, кои беа на поширокиот список и тоа: Мартин Манасков, Стефан Дрогришки, Ивица Лазаревски, Борче Соколов и Бојан Блажевски .
Нивните места од утре ќе почнат да ги пополнуваат искусните интернационалци: Борко Ристовски, Наумче Мојсовски, Кире Лазаров, Миркуловски и Велко Маркоски.
Од утре доаѓаат интернационалците и нема да можам да работам со 28 ракометари на тренинг. Имаме пред нас сериозен предизвик, најважно е да ја елиминираме Чешка. Не е толку битно како ќе играме и што ќе играме, битно е да се пласираме на СП, а по тоа ќе смислуваме што понатаму - изјави Лино Червар.
Веќе утре Червар на располагање ќе ги има Лазаров, Мојсовски, Маркоски, Марковски и Прибак, а ден подоцна (вторник) ќе се приклучат ракометарите кои играат во Бундес лигата, Борко Ристовски и Филип Миркуловски, додека составот ќе биде комплетиран во среда кона на останатите ќе им се приклучи Ацо Јоновски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
