-->
-->
Червар го врати Митревски во репрезентацијата
-->
Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Лино Червар, го објави списокот од 21 ракометар со кој ќе ги продолжи подготовките за настап на СП 2017 во Франција.
По завршувањето на првата фаза од подготовките во Маврово, Червар ги избра ракометарите на кои ќе смета за втората фаза од подготовките во Скопје и пријателските натпревари против селекцијата на Босна и Херцеговина. Поради настапот на младинците Филип Талевски, Мартин Велковски и Марко Нелоски на Квалификациите за СП во истиот период во кој сениорите ќе ги играат и пријателските средби против Босна и Херцеговина, Червар се одлучи за 21 ракометар. Дополнително, за подготовките во Скопје, Червар го повика голманот Никола Митревски. Конечниот список на патници на СП ќе биде познат по Божикните празници.
Репрезентацијата на Македонија ќе продолжи со редовни тренинзи во понеделник (02.01.2017), а трите натпревари против Босна и Херцеговина ќе се играат на 03, 04 и 05.01.2017. Првиот пријателски дуел ќе се одигра во СРЦ „Кале“ и ќе биде отворен за посетители, додека останатите два натпревари ќе бидат од затворен карактер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница