Черњев: Не е момент за признавање на Косово, Русија се обидува да го убие украинскиот претседател
 Од аспект на Украина, не е вистинскиот момент за разговор за признавање на Косово, изјави советникот на украинскиот претседател, Јехор Черњев.
Од аспект на Украина, не е вистинскиот момент за разговор за признавање на Косово, изјави советникот на украинскиот претседател, Јехор Черњев.
– Мислам дека сега не е вистинското време за тоа прашање, одговори тој за Радио-телевизија Косово (РТК), запрашан дали Украина ќе размисли за признавање на Косово, јави порталот Косово-онлајн.
Тој истакна дека ситуацијата во Украина е многу сериозна и потребна е помош.
– НАТО и државите членки можат да ни помогнат во една многу важна работа, да го затвориме небото, тоа значи какви било авион или проектил, не треба да бидат на украинското небо. Бидејќи најголема штета, имаме од проектили и бомби од авиони. Имаме и свои противвоздушни системи, но, тоа не е доволно, потребна ни е поддршка, појасни Черњев.
На прашањето колку украинскиот претседател, Володимир Зеленски, е безбеден, Черњев нагласи дека тој и понатаму е во Киев.
– Руската Федерација се обидува да го убие претседателот Зеленски и да формира Влада, нов претседател во Украина, но, тој е и понатаму во Киев, нагласи Черњев за РТК.
Ново на Сител
-   
           Ѓорѓиевски: На 2 ноември масовно да излеземе на гласање и заедно да му го вратиме сјајот и редот на нашето Скопје
-   
           Мицкоски: Темелот е поставен, по изборите почнува фазата на жестока работа и големи резултати
-   
           Талент од Македонија меѓу најдобрите на „Пјер Карден“ во Париз | Марија Роглева | Sitel Podcast 120
-   
           Русија: За да биде потпишан мировен договор, Токио треба да се откаже од антирускиот курс
-   
           Бројот на жртви во полициската операција во фавелите во Рио де Жанеиро се искачи на 121
-   
           Божиновска: Кога жените водат, енергетиката свети посилно – не чекајте дозвола, заземете го вашето место
-   
           По новите докази ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018
-   
           Гордост и успех за македонските студенти! Прием на ФФОСЗ за каратистите и кикбоксерите по меѓународните успеси



