-->
-->
Челзи сака да го донесе Герет Бејл во Лондон
-->

Откако беше најавено дека Мауро Икарди треба да потпише нов договор со екипата на Интер, англискиот премиерлигаш Челзи се насочи кон Герет Бејл.
Шпанските медиуми денеска информираат дека лондонскиот тим е сериозен кандидат по завршувањето на сезоната, да го доведе во своите редови фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл.
Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, но и неговиот опонент од Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, се решени следното лето да издвојат поголема сума за услугите на велшкиот репрезентативец.
Според информациите, од Реал се подготвени да му дозволат на Бејл да замине од „Сантијаго Бернабеу“, особено откако Велшанецот сезонава постојано се соочува со повреди, повреди што има само четири настапи стартниот состав на „Кралевите“ во Ла Лига.
Не постои сомнеж во квалитетите на Бејл, но неговиот веќе континуиран проблем со повредите, е главна причина за фрустрација во „кралскиот клуб“, со што во сенка паѓа неговиот можен придонес за екипата
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Газдата на „Пулс“ во Кривичен – Дали ќе добие нова мерка притвор?
-

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да постапи по обвинувањата на пратеникот Венко Филипче кон Славјанка Петровска
-

МВР: За осум месеци блису 390 000 казни од „Безбеден град“
-

Реконструкцијата на охридската гимназија ќе продолжи следната година
-

„Текстилијада“ во Штип, десет години глас за работниците
-

Лидерот на СДСМ упати остри обвинувања за изолација и навреди кон премиерот
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
