Челик: Турција не сака замена на членството во ЕУ со друг вид соработка
Турскиот министер за ЕУ, Омер Челик, денеска соопшпти дека Анкара ги отфрла сите предлози на ЕУ за прекин на преговорите за членство во замена за посилна соработка во други области.
Челик ваквата изјава ја даде за време на посетата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на Анкара.
Според Челик, не е добро европските пратеници да повикуваат на запирање на преговорите за членство.
Европскиот Парламент денеска ќе гласа за предлог резолуција која повикува на замрзнување на преговорите за приклучување на Турција кон Европската Унија.
- Ние не повикуваме за прекин на целиот дијалог или соработка, но да се зборува за интеграција е нереално во овој момент, изјави Кати Пири, европратеник која ја состави препораката по кој Европарламнетот треба да гласа денеска.
Еврокомисијата и владите на државите членки додега ги игнорираа повиците за официјално замрзнување на преговарачкиот процес со Турција, кој во пракса е веќе блокиран. Преговорите ЕУ-Турција официјално почнаа пред 12 години.
Ново на Сител
-
Почна со работа Комисијата за правична застапеност во Собранието
-
Владата и банките во недела на преговори
-
Имотен лист на вашиот е-мејл за 10 секунди?
-
Тутунарите со свои очекувања
-
Борисов предложи коалиција за Влада - Парламентот не успеа да избере претседател
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника