-->
-->
Челенџ куп: Карпати следен противник на младите „вардарки“
-->
Вардар јуниор ќе игра против украински Карпати во четвртфиналето на Челинџ-купот, реши денешната ждрепка за завршницата во ова натпреварување.
Младите вардарки, откако викендов со две победи ја минаа Минаква Војводина и стигнаа до свој историски настап меѓу најдобрите осум, за противник го добија шампионот на Украина од 2012 и 2013 година. Украинките во оваа фаза стигнаа со две убедливи победи против португалскиот Колегио де Гаја, совладувајќи го двапати со по девет голови разлика (23-14, 30-21).
Според ждрепката, Вардар јуниор е домаќин на првиот меч, кој според распоредот би се играл на 20 или 21 февруари, додека на реваншот нашите ракометарки ќе гостуваат една недела подоцна, на 27 или 28 февруари
Ако нашиот млад тим успее да ги помине Украинките, во полуфиналето ќе се соочи со подобриот од дуелот на турскиот Костамону и холандски Вирто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија за една деценија изгубила 30.000 ученици
-
Во земјотресот во Авганистан досега загинале повеќе од 1.400 лица, над 3.000 се повредени
-
ЗНМ и ССНМ: Потребно е целосно расветлување на сомнежите за прислушување на новинари
-
Родители се расправаат со негувател во Зоолошка додека со децата висат на заштитна ограда | ВИДЕО
-
Приведено 11-годишно дете од Куманово, го фатиле како краде од продавница
-
84-годишник тешко повреден откако малолетник со електричен тротинет удрил во него
-
На Табановце уапсени унгарец и србин, пренесувале кокаин, амфетамин, кетамин и МДМА таблети
-
Три девојчиња тепаат и снимаат 11-годишна малолетничка во Чаир | ВИДЕО