Чеферин му го честита изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ
Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин му го честиташе денеска изборот на Масар Омерагиќ за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Поранешниот фудбалер на Слога Југомагнат и Вардар, и долгогодишен спортски работник, 51-годишниот Омерагиќ во неделата беше избран со акламација за прв човек на македонскиот фудбал, наследувајќи го Муамед Сејдини.
Потенцирајќи дека оваа година се одбележуваат 30 години од членството на ФФМ во УЕФА, Чеферин во писмото до Омерагиќ посочи дека ФФМ изминатите три децении „сработи многу во градењето и развојот на фудбалот‘ и изрази уверување дека новото раководство ќе продолжи со напредокот.
„Масар, бидејќи одблизу го знаете притисокот од играњето и менаџирањето со фудбалот на највисоко ниво, верувам дека со сето срце ќе го прифатите потенцијалот на фудбалот во Македонија и ќе продолжите да ги бележите точките за напредок, кои вашата федерација и вашата држава го заслужуваат“, порача Чеферин во писмото до Омерагиќ.
Ново на Сител
-
Почнуваат активностите за третата фаза од пругата кон Бугарија
-
Владата ќе формира ресурсен центар кој ќе ги помага општините кои немаат капацитет да аплицираат за проекти
-
Кандидатите за Скопје и Чаир со ветувања за јавен транспорт, хигиена и спортски објекти
-
Тројца повредени од трагедијата во Пулс се уште во болница
-
Стојаноски: Растот на реалната плата е двојно поголем за една година со ВМРО-ДПМНЕ отколку 7 со СДС, а инфлацијата е 30% помала
-
Стабилна безбедносната состојба во Охрид
-
Османи: Изборите во Чаир ќе бидат историски
-
За 20% поголем интерес за студирање на УГД во споредба со лани