-->
-->
Чавушоглу: Турција на чекор до исполнување на сите услови
-->
Турција е на чекор од исполнување на сите услови за да обезбеди безвизен режим за своите државјани кон ЕУ, вклучувајќи и измена на турските пасоши, изјави денеска министерот за надворешни работи на Турција Мевљут Чавушоглу.
Изјавата на турскиот министер доаѓа пред денешната одлука на ЕК за визната либерализација со Турција.
Турција требаше да исполни 72 услови кои од неа ги бараше ЕУ, за да граѓаните на земјата од летото би можеле да патуваат во ЕУ без визи, а според наводите на Комисијата, таа земја до минатиот викенд исполнила 62 услови, се наведува во анализата на Дојче веле.
Европската комисија денеска попладне треба да соопшти дали препорачува и укинување на визите за Турција, Украина, Грузија и Косово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција