Чавушоглу: Не очекуваме санкции од ЕУ, но не ги исклучуваме
Турција не очекува санкции од Европската унија поради спорот со Грција за територијалните претензии во источниот дел на Средоземното море, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, додавајќи дека сепак таквата можност не може да се исклучи.
Тој повтори дека Турција е отворена за безусловни разговори, но додаде дека бродот за сеизмичко истражување ќе продолжи со операциите што ги прекина вчера.
Бродот, додаде тој, бил поставен во пристаништето во Анталија заради ремонт.
Чавушоглу додаде дека не очекува лидерите на ЕУ, кои веќе се согласија за поблаги санкции против Турција, да преземат натамошни чекори во таа насока, но дека тоа не може да се исклучи.
– Тие би биле против нашиот брод, нашата компанија, поединци. Вакви одлуки се носеа во минатото. Дали се откажавме од нашата решителност? Не, таа само се зголеми, рече Чавушоглу.
Ново на Сител
-
Изет Меџити ќе биде прв заменик претседател на Владата
-
За септември одложен почетокот на повтореното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово
-
Се заканувал на странска амбасада - Кривична пријава за прилепчанец
-
ЦУК: Заглавена екипа на Брза помош со пациент во лифт
-
До петок нестабилно време со дожд и грмежи, за викендот стабилно и топло
-
Јаневска: Во септември ќе има учебници за основно образование и за средно во најголем дел
-
Синдикатот на полиција во Македонија поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи
-
Радев: Политиката на Скопје е насочена против европските принципи