Чави го обвини Лапорта за неуспешниот трансфер на Меси во Барселона во 2022 година

Поранешниот тренер на Барселона, Чави, зборуваше за неуспешното враќање на Лионел Меси во клубот по Светското првенство во 2022 година.
-Враќањето на Меси во Барса по Светското првенство во 2022 година беше завршена работа. Лео го сакаше тоа, имавме дозвола од Ла Лига. Но, Лапорта (Жоан Лапорта, претседател на Барселона од 2003 до 2010 и од 2021 до 2026 година) го запре трансферот... Тој рече дека ако Меси се врати, ќе има војна за плати. Меси никогаш нема да се врати во Барселона само затоа што Лапорта не го сака тоа, изјави Чави за „Ла Вангуардија“.
Меси играше за Барселона од 2000 до 2021 година. Тој е најдобар стрелец на клубот на сите времиња со 672 гола на 778 натпревари. Со Каталонците, напаѓачот ја освои титулата во Ла Лига 10 пати и Лигата на шампионите четири пати.
Од 2023 година, Аргентинецот игра за Интер Мајами во американската МЛС. Триесет и осумгодишниот Меси е осумкратен освојувач на Златната топка.
МИА
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
