Балкан
8. March 2018 - 13:46

Чавашоглу најави турско-ирачката операција против Курдите

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска најави дека Турција и ирачката Влада ќе изведат заедничка операција против курдските екстремисти во северниот дел на Ирак.

- Трансграничната соработка би можела да почне откако во Ирак ќе бидат одржани парламентарните избори, што се планирани за мај, посочи Чавашоглу.

Тој исто така наведе дека турската офанзива во регионот Африн, северна Сирија, што почна на 20 јануари против курдските Единици за заштита на народот, ќе заврш во мај.