Македонија
29. January 2016 - 11:16

Часовниците на саат кулата во Гостивар ќе бидат ставени во функција

Часовниците на гостиварската саат кула, симболот на градот, годинава ќе бидат ставени во функција, информираат од НУ Конзерваторскиот центар Гостивар. Набавката на нови механизми и нивното одржување се дел од проект што ќе го финансира Министерствот за култура.

Четирите часовници на саат кулата во Гостивар наскоро ќе проработат и ќе го покажуваат точното време. Старите механизми биле украдени и заради тоа не беа во функција речиси две децении и ќе се набават.

- До нас во повеќе наврати од граѓаните беа упатени барања за да се стават во функција. Забелешките ги прифативме и доставивме проект кој ни е одобрен. Планот е механизмите да бидат физички обезбедени од оштетувања и кражба и на тој начин да обезбедиме нивно нормални и непречено функционирање. Сега очекуваме да се заокружат и формалностите околу набавката и потоа ќе го реализираме овој проект првата половина од оваа година, вели Аднан Фејзулаи, директор на конзеваторскиот центар Гостивар.

Ставењето во функција на часовниците, одржувањето и осветлувањето на саат кулата се еден од десетината проекти кои Министерството за култура ќе ги финансира со годишната програма. Саат кулата датира од 17 век и еден од белезите на првиот град на Вардар.