Чарлс официјално стана британски крал

Кралот Чарлс III денеска и официјално беше прогласен за нов британски монарх на состанокот на Советот за наследување на тронот во палатата Св. Џејмс.
Вториот дел од свеченоста почна со говор на кралот Чарлс зборуваше за смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета. Тој изрази сочувство до остатокот од кралското семејство и говореше за важноста на владеењето на неговата мајка.
„Мајка ми даде пример за доживотна љубов и несебична служба. Владеењето на мајка ми беше ненадминато по своето времетраење и посветеност. Дури и додека тагуваме, ние се заблагодаруваме за овој најверен живот. Длабоко сум свесен за ова длабоко наследство и за тешките должности и одговорности кои сега ми се префрлени“, рече новиот крал.
Додаде и дека е охрабрен од континуираната поддршка на неговата сакана сопруга, Камила.
„Се молам за помош и водство од Бог“, рече Чарлс.
Една од наредбите одобрена од кралот Чарлс III, за време на церемонијата на прогласување, беше денот на погребот на кралицата да биде државен празник.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
-

Јавниот долг падна под 60% од БДП
-

Совет на Европа го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
-

Утре нов протест за дислокација на Усје, од цементарницата тврдат дека работат според Закон
