Чанак бара да му се одземе пратеничкиот мандат на Шешељ

Ненад Чанак од Лигата на социјал-демократите на Војводина денеска побара да се свика седница на српското Собрание, со цел да му се одземе пратеничкиот мандат на Воислав Шешељ од Српската радикална странка.
Шешељ неделава беше прогласен за виновен од страна на Хашкиот трибунал за воени злосторства, но беше осуден на десет години, колку што досега има одлежано во притвор. Поради тоа, Шешељ останува на слобода во Србија, но според Чанак, поради пресудата треба да му биде одземен мандатот.
- Лошо е за угледот на Парламентот во собраниските клупи да седи човек осуден за воени злосторства, за поттикнување на прогон на Хрватите во 1992 година, изјави Чанак.
Според законските одредби, мандатот може да биде одземен доколку пратеник е осуден на казна затвор од најмалку шест месеци.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Божиќ - Празник на Христовото раѓање
-

Балканскиот Ерусалим исполнет со верници
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со отец Антонио Апостолоски, од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Православните христијани го празнуваат Бадник
-

Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
