Чаирската улица „Војдан Чернодрински“ преименувана во „Хоџа Атаула Куртиши“
„Денеска во чест на Оџа Атаулах Куртиши, голема религиозна и национална албанска фигура, ја именувавме оваа улица според неговото име во близината на неговата куќа. Стапките на Оџа и неговите дела заслужуваат да останат неизбришливи за наредните генерации.и наследени од генерација на генерација. Овој човек даде голем придонес за секого од нас, даде многу за албанската кауза, спречувајќи ја некогашната југословенска власт да исели голем број на Албанци“, рече градоначалникот Висар Ганиу.
На академијата што се одржа во Албанскиот театар, на која се говореше за животот и работата на Хоџа Атаулах Куртиши присуствуваше и лидерот на „огнената група“ на ДУИ Изет Меџити, како и други негови сопартијци.
Во мај минатата година во организација на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу беа поставени нови табли кои покажуваат дека улицата „Благоја Паровиќ" е преименувана во „Исмаил Ќемали", личност од историјата за кого беше кажано дека соработувал со лидерите на Вилајетот Косово во борбата за независност на Албанија. Инаку, Благоја Паровиќ бил истакнат комунистички револуционер помеѓу двете светски војни и шпански борец кој загинал во борбите со шпанските фашистички одреди.
Новите имиња на улици Општината Чаир ги базира на одлука на Град Скопје од 2021 година. Процесот на преименувања на улици започна во претходната декада токму со одлуки на Советот на Град Скопје и продолжува и сега.
Ново на Сител
-
Негативен природен прираст и во второто тримесечје, 1.135 помалку родени од умрени
-
Одложувањето на носењето на законот за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени
-
РФМ: Горди сме што Македонија е домаќин на првото издание на Ракометен регионален турнир
-
Пет војни за кои експертите велат дека би можеле да избувнат во следните пет години
-
Почнува Европското првенство во кошарка 2025
-
СВР - Велес со детали за убиството во Кавадарци
-
Задржани четири лица во врска со убиството во Кавадарци
-
Од денеска стапува на сила одлуката на Трамп за двојно зголемување на царините за индискиот извоз