Церемонијата за вклучување на Коби Брајант во „Куќата на славните“ може да се одложи
Генералниот директор на кошаркарската „Куќа на славните“ Џон Делова изјави за „Бостон глобус“ дека церемонијата за влез на Коби Брајант закажана за 29-31 август може да биде одложена поради пандемијата на коронавирус. Одлука за ова прашање се планира да се донесе оваа недела.
Датумот на резервен термин за тридневниот настан е 9-11 октомври. Сепак, Делова не го исклучува преместувањето на церемонијата до следната пролет.
Брајант почина во хеликоптерска несреќа со својата 13-годишна ќерка и седум други лица во јануари годинава. Коби играше во Лос Анџелес Лејкерс 20 години и важи за еден од најдобрите играчи во историјата на НБА.
На 4 април беше објавено дека Брајант ќе биде вклучен во „Куќата на славните“ постхумно и една година пред предвиденото.
Според правилата, кошаркарите ја добиваат оваа чест не порано од пет години по завршувањето на кариерата. Коби ги заврши своите настапи во 2016 година.
Ново на Сител
-
Парада на гордоста
-
Почна расправата за новата влада
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Почна расправата за избор на новата влада
-
Високите температури направија хаос на Задушница: Луѓето со часови чекале автобус за да отидат на гробишта
-
Се води битка со пожарите
-
Анализа: Како се случи енергетскиот колапс во регионот?
-
Колку ќе заштеди здравството со укинувањето на организациските директори?