Церар: Постои опасност од повторување на мигрантската криза
Словенечкиот премиер Миро Церар предупреди дека постои опасност од повторување на ланската миграмтска криза во Европа, што, според него, би можело да го загрози европското единство и да предизвика судири меѓу балканските земји.
- Евентуално повторување на масовната мигрантска криза би ја загрозило ЕУ. Доколку во таков случај земјите членки на дејствуваат единствено, тоа би го довело во прашење опстаникот на Унијата, изјави синоќа Церар за државната словенечка телевизија.
Тој нагласи дека при евентуален нов прилив на бегалци по балканската рута Словенија ќе мора да дејствува решително во заштита на својата граница кон Хрватска.
- Повторувањето на мигрантската криза не само што ќе резултира со затворање на границите и меѓусебни расправии, туку тоа би можело да предизвика и судири меѓу државите на Балканот, додаде Церар.
Како што јави Хина, словенечкиот премиер потенцира дека земјите од ЕУ не треба да дозволат повторување на искуството од 20-от век кога европското неединство доведе до две големи војни во Европа.
- Успешното решавање на мигрантискиот проблем, особено по Брегзитот и дугите кризи во европското соседство, би имало позитивно влијание врз развојот на европската идеја, заклучи Церар.
Ново на Сител
-
Најмалку 10 мртви во снежна бура на југоистокот на САД
-
Ограбена црква во Аеродром
-
55 годишник силувал 50 годишна жена во Кривопаланечко
-
Клековски: До крајoт на јануари очекувам да ги има сите лекови на Онкологија
-
Кривична пријава против 6 лица поради сомнение за помагање во врска со измама
-
Турските власти цел на критики поради недостиг на безбедносни мерки во планинскиот хотел
-
Трамп нареди вработените во службите за поттикнување на различностите да заминат на отсуство
-
Уапсен 23 годишник од Бангладеш кој водел група од 8 мигранти од Непал