Центарот за управување со кризи предупредува: Подгответе се снежна бура во Македонија
Врнежи од снег со температури длабоко под нулата најавуваат метеоролозите на веб сајтoт за временска прогноза Accuweather.
Тие издадоа предупредување за снежна бура над Скопје во периодот за викендот.
Од македонската УХМР најавуваат дека времето утре ќе биде променливо облачно, во југозападните и североисточните делови ќе има слаби врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. На запад ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено на планините. Минималните температури ќе се движат од 1 до 6, а максималната од 5 до 11 степени.
Во Скопје утре променливо облачно со услови за слаб краткотраен дожд. Ќе дува умерен западен ветер со температури од 4 до 9 степени.
За во четврток ќе има преодно стабилизирање . Во петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, а од сабота се очекува позначително заладување со северен ветер и врнежи од снег.
На подолг рок метеоролозите редвидуваат дека идната недела ќе биде навистина студена.
Ново на Сител
-
21-ви „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеник
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за скандалот во АНБ
-
Тошковски: Обвинителството не реагира на поднесените пријави
-
Муцунски: Бараме предвидлив и доследен пат до ЕУ
-
На Македонците во Италија се уште не им се прифаќаат возачките дозволи со новото уставно име
-
Невработеноста паѓа. Расте и бројот на лице кои работат на црно
-
Македонија ќе остане без матични лекари ако не се донесе итно системско решение