Центар Жупа утре без вода 14 часа
Утре во периодот од 8 до 22 часот, ќе има прекин во снабдувањето со вода за пиење во Општина Центар Жупа, поради планирани зафати на водоводот Росоки-Дебар.
Според Бурим Каба, директор на Јавното комунално претпријатие „Стандард”- Дебар кое стопанисува со водоводот, прекинот во водоснабдувањето е поради продолжување на проектот за замена на старите вентили, што почна со реализација во ноември минатата година.
– Утре ќе ги менуваме воздушните и испусните вентили на кракот кој се одвојува од Мелнички Мост кон Центар Жупа, поставени пред три и пол децении, кога е и изграден водоводот. Од корисниците бараме разбирање и трпение, зашто секој зафат е во правец на што понормално снабдување, рече Каба.
Проектот се реализира со средства од буџетот на Општина Дебар, а работите ги изведува фирмата „СмС холдинг” – Скопје, заедно со вработените на „Стандард”.
Ново на Сител
-

Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
-

Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
-

СДСМ: Савевски работи по налог на Мицкоски
-

Николоски: Нови инвестиции во Охрид
-

Нова апаратура во „Мајчин дом“
-

О. Карбинци со четирикратно зголемување на средствата од данок на имот
