Центар за иновации во медиумите на Правниот факултет: Студентите по новинарство добија современо студио
Ново студио за студентите по новинарство доби Правниот факултет. Центарот за иновации во медиумите, направен со поддршка од САД, во иднина треба да даде можност за практична работа на студентите кои сè помалку се одлучуваат за кариера во медиумите.
Бројките се поразителни, но од Правниот факултет велат, Центарот ќе придонесе Студиите по новинарство да станат попривлечни. Во моментот се работи на неформален курикулум со многу повеќе практична работа и добивање потребни вештини и кој ќе треба да ги привлече и студентите од правните и политичките студии.
-Само шест луѓе на овој најстар јавен факултет се запишаа на студиите по новинарство. За разлика од Црна Гора, држава со 600.000 жители кадешто околу 100 е бројката. На Косово 80, во Србија стотина на сите јавни универзитети. Значи, имаме некој мал проблем со заинтересираноста за студирање новинарство, вели професорката Јасна Бачовска.
Јадро на вешти новинари кои се посветени на вистината е јадрото на едно демократско општество, вели амбасадорката на САД во земјава. Очекува Центарот да го подигне нивото на новинарството во Македонија.
-Ајде заедно да го обновиме нашето ветување да ја изградиме и да ја поддржиме слободата на медиумите и професионализмот. Ве молам, менторирајте ги младите студенти, бидете проактивни во регрутацијата и посветете се себеси за одржливи, слободни и незвисни медиуми, вели Агелер.
Центарот за иновации поседува најсовремено студио со најсовремена опрема. Студентите на користење имаат три камери, режија и неколку компјутери каде ќе можат да создадат целосен новинарски продукт.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар