Цените на нафтата за половина година скокнаа за повеќе од 20 отсто
На светските берзи, цените на нафтата се зголемија минатата недела, вторпат за две недели за првите шест месеци од оваа година се зголемени за повеќе од 20 %.
Цената по барел нафта во Лондон порасна за 2,1 процент на 66,55 долари минатата недела, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 1,7 проценти на 58,50 американски долари.
Во текот на првата половина од годината цената по барел нафта на пазарот во Лондон порасна повеќе од 20, а во САД повеќе од 25 проценти.
Членовите на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и група независни производители, вклучувајќи ја и Русија, ќе се состанат на 1 и 2 јули во Виена за да одлучат дали ќе продолжат да го ограничуваат производството во втората половина од годината.
Од почетокот на годината, „ОПЕК плус“ го ограничи производството на 1,2 милиони барели дневно, а договорот истече последниот ден од јуни.
Од друга страна, производството во САД продолжува да се движи околу највисоките нивоа во историјата, околу 12,3 милиони барели дневно. Се проценува дека во четвртиот квартал би можело да достигне 13 милиони барели дневно, со што САД уште повеќе ја зацврстуваат позицијата на водечкиот светски производител на нафта, пред Саудиска Арабија и Русија.
На овој начин, САД ги поткопуваат напорите на ОПЕК за намалување на производството на нафта преку намалување на производството.
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски на средба со градоначалникот Зоран Јанковиќ: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје
-
Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
-
МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
-
Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
-
На Табановце се чека околу 30 минути
-
Унгарија ја тужи ЕУ за користење на каматата од замрзнатите руски средства за помош на Украина
-
Еден починат и тројца повредени во сообраќајка кај Градско
-
Трамп сака да го ограничи времетраењето на визите за странски новинари и студенти