Цените на нафтата со нов пад на светските берзи
Последната рунда на преговори меѓу Украина и Русија почна да ја намалува цената на нафтата, која од 130 долари пред една недела, падна на американскиот пазар под 100 долари.
Цените на нафтата утрово дополнително паднаа, додека пред една недела беа над 130 долари за барел.
Утрово цената на барелот на лондонскиот пазар потона за 4,05 отсто, на 102,60 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 4,10 отсто, на 98,80 долари.
На девизните пазари, пак, падна вредноста на доларот во однос на кошничката валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 98,87 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 99,22 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 117,80 на 118,30 јени, што е ново највисоко ниво во последните пет години.
Но, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1.0980 долари, додека вчера во овој момент беше 1.09935 долари.
Ново на Сител
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе