Цената на нафтата расте по обраќањето на Трамп за Иран

Цената на нафтата од типот „брент“ продолжува да достигнува нови максимуми за време на денешното тргување, а фјучерсите моментално се движат кон 107 долари по барел, што е раст од повеќе од 5 отсто, два часа откако американскиот претседател Доналд Трамп го заврши своето обраќање за војната што САД и Израел ја водат против Иран и најави посилни напади во наредните две до три недели.
Фјучерсите во текот на вчерашниот ден паднаа поради надежта дека војната би можела наскоро да биде завршена, пренесува „CBS News“.
Трамп во обраќањето до нацијата изјави дека својата воена мисија во Иран ќе ја заврши „многу брзо“, дека досега се постигнати „убедливи победи“, и дека Соединетите Американски Држави „исклучително силно“ ќе го нападнат Иран во наредните две до три недели.
Тој во говорот од Белата куќа рече дека САД ќе ги уништат сите ирански електрани и дека ќе ги гаѓаат нафтените постројки, доколку со иранските лидери не се постигне договор.
МИА
Ново на Сител
-

МВР со засилени контроли - приведени лица, откриени малолетници и незаконско приредување игри на среќа
-

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за „Пулс“
-

Макрон со порака дека доколку е потребно, протестите ќе бидат забранети
-

Бројот загинати во поплавите во Истанбул и Коџаели се зголеми на шест
-

Пад на цените на нафтата по одлуката на Трамп за Русија
-

Во протестите во Тирана повредени 16 полицајци, нападнато седиште на социјалистите
-

Реал ја победи Севилја, Мбапе постигна два гола
-

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија во најдобар ред, без ниту еден инцидент
